Свет Силен земјотрес на западот на Јапонија

Силен земјотрес на западот на Јапонија

Силен земјотрес со магнитуда од 6,6 степени го погоди западниот дел на Јапонија, но засега нема опасност од цунами.

Метеоролошката агенција соопшти дека земјотресот се почувствувал во 14.10 часот по локално време, а епицентарот бил во префектурата Тотори, околу 700 километри западно од Токио, на длабочина од 10 километри.

Агенцијата соопшти дека потрес на копното не претставува опасност за настанување цунами.

Засега нема извештаи за жртви, ниту за материјална штета.