Свет Силен земјотрес на островот Вануату

Силен земјотрес на островот Вануату

Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран на пацифичкиот остров Вануату.

Како што соопшти американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 60 километри североисточно од главниот град Порт Вила, на длабочина од 33 километри.

Засега нема издадено тревога за можна појава на цунами.