Свет Силен земјотрес на југот на Атлантикот

Силен земјотрес на југот на Атлантикот

Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Атлантикот, во подрачје околу 790 километри северно од островот Асенсион, соопшти американскиот Геолошки институт.

Непосредно по земјотресот, пацифичкиот центар за предупредување на опасност од цунами не издаде предупредување.

Земјотресот е лоциран на длабочина од околу 19 километри.