Свет Силен земјотрес кај Окинава

Силен земјотрес кај Окинава

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, денеска ги погоди Тајван и малите острови на југот на Јапонија, поради што беше прогласена тревога за можна појава на цунами во висина од еден метар на островот Окинава.

Засега нема извештаи за штети или повредени, ниту во Јапонија ниту во Тајван, каде најсилно се почувствува земјотресот.

Јапонската метеоролошка агенција објави предупредување за цунами на малите острови на дел од Окинава, но подоцна го повлече предупредувањето.

Во соопштението се наведува дека плиткиот земјотрес се случил во близина на Окинава, во 10.43 часот по локално време.

Тајванската метеоролошка служба соопшти дека епицентарот се случил на околу 75 километри источно од брегот на Тајван, на длабочина од 17 километри.