Свет Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Нова Британија, најголемиот остров на Бизмарковиот Архипелаг, кој ѝ припаѓа на Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил девет километри северозападно од градот Рабаул, на североистокот на островот.
Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.