Свет Свет Силен земјотрес го погоди Еквадор

Силен земјотрес го погоди Еквадор

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтерова скала го погоди Северен Еквадор рано утринава, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот бил во областа што беше опустошена од силниот земјотрес кон средината на април годинава.

Засега нема податоци за предизвиканата штета и за евентуалниот број на жртви.

Епицентарот на потресот бил во близина на крајбрежниот град Есмералдас и 154 километри северозападно од главниот град Кито.

На силниот потрес, кој е регистриран во 21.11 часот по локално време, односно во 2.11 часот по северноевропско време, му претходел потрес со јачина од 5,9 степени, чиј епицентар бил само на километар подалеку и кој се случил само неколку минути претходно.

Епицентарот на двата потреси бил на длабочина од 35 километри.