Дописници Силен ветер во Тетово оштети објект

Силен ветер во Тетово оштети објект

Силниот ветер кој дуваше во Тетово претпладнево собори голема гранка од дрво покрај Булеварот Благоја Тоска. Гранката заврши на покривот на еден од објектите лоцирани покрај булеварот.

Во СВР Тетово пријавено е оштетување на покривот од објектот. Остатоците од гранките кои беа паднати и на едната коловозна лента од Булеварот Благоја Тоска беа отстранувани од страна на Тетовската територијална противпожарна единица.

Сообраќајот на оваа делница беше во прекин околу половина час, додека надлежните ја расчистија коловозната лента. Во Тетово други поголеми оштетување од силниот ветер не се регистрирани