Свет Европа Швеѓанец го охрабрувал синот да стане терорист

Швеѓанец го охрабрувал синот да стане терорист

Шведското обвинителство покрена обвинение против маж поради охрабрување, регрутирање и обука на други лица да извршат терористички напади.

Како што се наведува во соопштението, обвинетиот му давал инструкции на својот син, кој во тоа време бил во Сирија. Обвинетиот давал упатства како да се разнесе ѕидот на затворот во Алепо. Советите се делени од местото Јерфело, западно од Стокхолм.

Во соопштението не е идентификуван ниту обвинетиот, ниту неговиот син.

Обвинителот Рони Јакобсон изјави дека синот подоцна починал во Сирија. Уште не е одреден датумот на почетокот на судењето, а ако биде прогласен за виновен, обвинетиот може да добие до две години затвор.