Свет Европа Шведска го зголеми степенот на опасност врз основа на „конкретни информации“

Шведска го зголеми степенот на опасност врз основа на „конкретни информации“

Шведската полиција за безбедност денеска го зголеми степенот на опасност од напад од четврто на максимално петто ниво, повикувајќи се на „конкретни информации“.

„Една од причините е што безбедносната полиција примила конкретни информации и донела заклучок дека е потребно да дејствуваме во согласност со рамките за антитерористички организации“, се наведува во соопштението.

Нивото четири значи дека постои веројатност дека „лица планираат и оти имаат способност да извршат напад“.
Обвинителството отвори прелиминарна истрага за можната терористичка закана.