Свет Европа Шумски пожари беснеат на северозападот на Италија

Шумски пожари беснеат на северозападот на Италија

Повеќе од 200 пожарникари синоќа гаселе околу 15 шумски пожари што избиле во Пијемонт и во Ломбардија на северозападот на Италија, каде неколку стотини лица се евакуирани, соопштија утринава спасувачките екипи.

Најмногу е загрозено подрачјето Суса, во регионот Пијемонт, каде пожарот, потпомогнат со ветерот, се приближил до населените места.

Околу 200 пензионери од еден дом за стари лица доцна синоќа биле превентивно евакуирани.

Италијанските медиуми пренеле дека околу 1.000 лица привремено ги напуштиле своите домови поради пожарот, кој избил пред неколку дена.

Грција и Хрватска испратија по два „канадери“ на помош.

Се проценува дека пожарите годинава во Италија уништиле околу 140.000 хектари шума и обработлива земја.