Македонија Штуловиот универзитет со предлог за реформи во високото образование

Штуловиот универзитет со предлог за реформи во високото образование

Предлог за унапредување на реформата во високото образование до Министерството за образование достави Штуловиот универзитет.  Универзитетот на Југоисточна Европа предлага македонските универзитети да работат според студиски програми на најдобро рангираните универзитети во Европа и во САД.

Универзитетот посочува дека поради поинаквиот пристап, дел од нивниот наставен кадар сега предава во европски универзитети како визитинг-професори, а наставници од Европа и од САД предаваат во Тетово.

Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, истакна дека овој предлогот е добар и прифатлив и ќе го унапреди квалитетот на високото образование.

Предлогот за усогласување на домашните со програмите на најпрестижните светски универзитети позитивно го оцени и деканот на ФИНКИ.