Галерија Штрковите во Белчишта добија човечка помош да свијат гнездо

Штрковите во Белчишта добија човечка помош да свијат гнездо

Белчишта е едно од ретките села, не само во општина Дебрца, туку и во земјава, кое се карактеризира со голем број на штркови, кои ги свиле своите гнезда по покривите, по оџаците на куќите, на плевните, бандерите. Тие се предвесници на пролетта, кои секогаш во исто време, по прелетани илјадници километри, без грешка се враќаат во своето гнездо, а во средината на август повторно заминуваат.

Деновиве пар штркови со денови се измачуваше да го свие своето гнездо на бандерата непосредно до зградата на Општината, но за жал неуспешно.

Со телескопската дигалка ангажирана од Општина Дебрца и екипа на ЕВН Охрид се постави специјална платформа-корпа за нивното гнездо. Штрковите прво си заминаа, ама вчера се вратиле и продолжиле да си го доградуваат.