Свет Балкан Штрајкуваат наставниците во Србија

Штрајкуваат наставниците во Србија

Штрајк на вработените во образованието во Србија

Денеска во Србија штрајк најавија четирите најголеми синдикати во сферата на образованието. Според најавеното, часовите ќе бидат скратени на 30 минути.

Синдикатите, кои штрајкуваа и во септември и во октомври, бараат да бидат изземени од одлуката за намалување на платите.

Организаторите очекуваат повеќе од илјада училишта да го поддржат штрајкот. Тие тврдат дека штрајкот ќе трае до исполнување на барањата.

Во петокот, претставници од синдикатите имаа средба со министерот за образование Срѓан Вербиќ, но не се откажаа од штрајкот.