Економија Штрајкот на вработените во МЖ продолжува, возовите и денеска не сообраќаат

Штрајкот на вработените во МЖ продолжува, возовите и денеска не сообраќаат

Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат поради штрајкот на вработените, информираат од „Македонски железници – Транспорт“.

Оттаму велат дека компанијата до крајот на овој месец ќе најде начин да го исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата.

– Дополнително би сакале да упатиме еден апел до сите вработени кои не дозволуваат нормално одвивање на железничкиот сообраќај, да не потпаѓаат под притисок за собирање на нечии дневно-политички поени бидејќи подлегнувањето на такви притисоци нема да доведе до решенија, туку само до продлабочување на кризата што од друга страна е цел на одредени политички субјекти – велат од „Македонски железници – Транспорт“.

Оттаму посочуваат дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во „Македонски железници“.