Свет Европа Штрајк во „Луфтханза“, откажани 929 летови

Штрајк во „Луфтханза“, откажани 929 летови

Штрајкот на екипажот на германската авиокомпанија „Луфтханза“, кој почна во петокот како борба за подобри плати и услови за работа, до 23 часот ќе влијае на 113.000 патници и ќе бидат откажани 929 летови,

Штрајкот се одвива на трите најголеми аеродроми, во Франкфурт, Дизелдорф и во Минхен.

Во петокот, кога почна штрајкот, откажани беа 290 летови, со што беа погодени 37.000 патници, во саботата беа откажани 520 летови што влијаеше на плановите на 58.000 патници, а по вчерашната пауза, денеска се откажаа 929 летови, од што ќе бидат погодени 113.000 патници.

Во штрајкот учествуваат само вработените на компанијата „Луфтханза“, но не и на нејзините ќерки-фирми, како „Јуровингс“, „Аустријан ерлајнс“, „Еир Доломити“ или „Брушелс ерлајнс“, а на патниците им се нуди можност бесплатно да го откажат летот или да го презакажат во некој друг термин.