Свет Европа Штрајк го парализраше Брисел

Штрајк го парализраше Брисел

Штрајкот на работниците целосно го запре јавниот превоз во Брисел и спречи десетина илјади луѓе да одат на работа.
Автобусите, трамвајот, метрото и железницата не сообраќаат од 6 часот утрово, а членовите на синдикатот ги блокирале магистралните патишта што водат до главниот град на Белгија.
Штрајкот е дел од серијата протести кои се одржуваат секој понеделник поради намерите на владата да воведе мерки на штедење и да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 63 на 67 години.
За наредната недела е закажан генерален штрајк, кој ќе ја зафати цела Белгија, а владата засега не покажува намера да се откаже од најавените мерки.