Дописници Штипјанец загина во сообраќајка

Штипјанец загина во сообраќајка

На враќање од закројување на лозјата, вчера, на излез од селото Долани кај Штип, се превртело возило во кое се возеле тројца штипјани, при што на местото на несреќата починал 50-годишен штипјанец, кој го управувал возилото. Двајцата негови сопатници завршиле со тешки телесни повреди. Едниот има повреда на ’рбетот, а другиот завршил со скршеници на двете нозе.

– Во непосредна близина на крстосницата со магистралниот пат Штип – Радовиш, вчера, околу 20.10 часот, се случи сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило, „цитроен ц5“ со бугарски национални ознаки, управувано од 50-годишен возач од Штип, излетало надвор од коловозот и се превртело – информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Возачот и двајцата сопатници со возило на итна медицинска помош се пренесени во Клиничката болница во Штип, каде е констатирана смрт кај возачот, а кај двајцата сопатници телесни повреди.