Економија Штефан Питер е нов претседател на Советот за странски инвестиции

Штефан Питер е нов претседател на Советот за странски инвестиции

Претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Питер, е нов претседател на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија.

Питер доаѓа на местото на Хуан Педро Хименез Наваро, кој беше извршен директор на „Арчелор Митал“, а си заминува од државата од деловни причини.

Одлуката за смената на претседателот на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија беше соопштена денеска, на прес-конференција.