Македонија Штајнмаер повика итно да се формира влада и да се спроведат неопходните...

Штајнмаер повика итно да се формира влада и да се спроведат неопходните реформи

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, денеска ги поздрави одржаните предвремени парламентарни избори во Македонија и повика на итно формирање влада.

– Вчерашните избори во Македонија се важен чекор во решавање на политичката криза во земјата. Сега е важно што побргу да се формира влада, која ќе го искористи својот мандат да ги спроведе итните реформи. На земјата ѝ се потребни брзи и убедливи резултати на полето на владеењето на правото и судскиот систем, јавната администрација, медиумите и слободата на изразување – истакна Штајнмаер.

Тој, исто така, посочи дека Специјалното јавно обвинителство мора да продолжи да својата работа.

– На СЈО мора да му се овозможи без опструкции да ја си ја заврши работата и да открие и да ги казни тие што ја злоупотребиле моќта и власта. Тоа е услов за да се врати довербата на граѓаните во институциите – истакна Штајнмаер.