Македонија Штајнакер: Однесувањето на Иванов е за осуда, злоупотребите мора да се истражуваат

Штајнакер: Однесувањето на Иванов е за осуда, злоупотребите мора да се истражуваат

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не дава одговор што да се прави сега и како да се надмине актуелната состојба во државата, која е закочена и неговите постапки се за осуда, порачува поранешната германска амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер, во интервју за „Дojче Веле“. Таа вели дека нови избори би биле многу скап избор и не се добри за земјата.

– Сметам дека е за осуда, затоа што тој не дава одговор што да се прави сега и како да се надмине актуелната состојба во државата, која е закочена. Единствената преостаната опција тогаш би биле нови избори што ќе значи нови месеци на целосна стагнација и тоа секако не е добро за земјата. Тоа ќе биде многу скап избор за мала земја како Македонија, а организирањето избори толку често е тешко – вели Штајнакер.

Поранешната амбасадорка на Германија во Скопје нагласува дека опција е и да се даде шанса на опозицијата, а ако таа не успее да формира влада, тогаш нови избори би биле неизбежни.

Штајнакер вели дека дека мора да се истражат сите злоупотреби и кривични дела, а оние што се под истрага да се откажат од политичките функции додека не се расчистат работа. Таа го споменува и случајот „Смилковско Езеро“, како нешто што ја обременува и атмосферата меѓу различните етнички групи во земјата.