Свет Европа Шпанскиот уставeн суд ја суспендира резолуцијата за независност на Каталонија

Шпанскиот уставeн суд ја суспендира резолуцијата за независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија вчера ја суспендираше резолуцијата на каталонскиот парламент со која се покренува процес за отцепување на овој регион од Шпанија, соопштија извори блиски до судот.

Вкупно 11 судии ја уважиле претходно поднесената тужба на шпанската влада, со што автоматски се суспендира каталонската резолуција сè додека уставниот суд детално не го разгледа документот.

Каталонската влада во Барселона веднаш реагираше, наведувајќи дека ќе продолжи со примената на резолуцијата, без разлика на одлуката на судот.

Резолуцијата на каталонскиот парламент, која е усвоена во понеделникот, ѝ дава на новата регионална влада рок од еден месец да почне со работа на новиот каталонски устав, за кој би се гласало кон средината на 2017 година, и да почне да се создава даночен и систем за социјална помош.

Во одлуката на парламентот на Каталонија се наведува дека регионалната управа не би требало да ги почитува шпанските институции, меѓу кои и уставниот суд.