Свет Европа Шпанската влада најави замрзнување на автономниот статус на Каталонија

Шпанската влада најави замрзнување на автономниот статус на Каталонија

Владата на Шпанија ќе ги употреби сите уставни мерки за да го замрзне автономниот статус на Каталонија и за да го спречи нејзиното отцепување, изјави шпанскиот премиер Мариано Рахој во интервју за весникот „Паис“.

Тој не ја исклучува можноста да го активира членот 155 од Уставот, според кој премиерот може да ја распушти регионалната влада и да распише нови избори во некоја област.

– Во идеален случај, не е потребно да се преземаат екстремни решенија, но за да не се случи тоа, работите треба да се сменат – вели Рахој.

Шпанскиот премиер соопшти дека во Каталонија ќе останат 4.000 полицајци, кои беа испратени на 1 октомври поради референдумот за независност, сè додека не заврши кризата.