Свет Европа Шпанската влада бара судот да го спречи изборот на Пуџдемон за лидер...

Шпанската влада бара судот да го спречи изборот на Пуџдемон за лидер на Каталонија

Владата на Шпанија побара од Уставниот суд да го блокира изборот на Карлес Пуџдемон за лидер на Каталонија.

„Владата мора да ги употреби сите сили предвидени со закон и Устав, за да се осигура дека бегалец не може да биде избран за претседател на регионалната влада“, велат од таму.

Пуџдемон ја напушти земјата минатата есен и замина во Белгија, откако Каталонија прогласи независност, што според официјален Мадрид е незаконски. Доколку се врати во земјата, тој се соочува со обвиненија за организирање на бунт.

Во меѓувреме, новиот состав на каталонскиот парламент, во кој, мнозинството го имаат сепаратистичките партии, повторно го предложија да го предводи овој регион. Гласањето е закажано за в вторник.

Пуџдемон и одговори на шпанската влада на неговиот твитер-профил дека „се испаничени поради волјата на народот“.