Свет Европа Шпанија: Уставниот суд го одби барањето на Каталонија

Шпанија: Уставниот суд го одби барањето на Каталонија

Шпанскиот Уставен суд го поништи барањето на Каталонија во регионалниот парламент за почеток на процесот на одвојување од Шпанија.

Каталонскиот парламент во ноември усвои резолуција за нацрт-планот за воспоставување република во рок од 18 месеци.
Процесот беше блокиран од 11 ноември, додека се чекаше конечната одлука на Уставниот суд.

Каталонските лидери, кои беа избрани во септември, рекоа дека ќе ја игнорираат одлуката на Уставниот суд.