Свет Свет Шпанија повлекува полицајци од Каталонија

Шпанија повлекува полицајци од Каталонија

Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека од Каталонија повлекува неколку илјади полицајци, испратени во регионот како засилување пред референдумот.

Министерот Хуан Игнацио Соидо рече дека околу 5.000 дополнителни полицајци повеќе не се потребни во регионот затоа што ситуацијата се вратила во нормала.

Шпанија беше мета на критики поради полициската употреба на сила при спречување на референдумот, при што беа повредени стотина лица.

Мадрид подоцна ја распушти каталонската влада и регионалниот парламент и воведе директна управа во Каталонија.