Македонија Шок-бомбите врз мигрантите ја ставија Македонија во фокусот на светските медиуми

Шок-бомбите врз мигрантите ја ставија Македонија во фокусот на светските медиуми

Македонија и мигрантската криза се најде во фокусот на светските медиуми, кои јавуваат дека македонската полицијата употребила шок-бомби и солзавец врз мигрантите кои се наоѓаат во безграничната зона меѓу Македонија и Грција.

Вол стрит џурнал“, „Њујорк тајмс“, „Еуронуз“, „Дејли меил“, „Франс 24“ и „Би-Би-Си“ се само дел од медиумите кои ги пренесоа извештаите на „Ројтерс“, „Асошиејтед прес“ и „Блумберг“.

Во написите се наведува дека осум лица се повредени откако полицијата фрлила шок-бомби и солзавец директно врз топлата, која е заглавена на „ничија земја“ меѓу Грција и Македонија.

Според извештаите на „Ројтерс“, хуманитарните агенции, како што се Црвениот крст, Лекари без граници и УНХЦР немаат пристап до бегалците во безграничната зона, иако се присутни од двете страни на границите.

УНХЦР и Амнести интернешнл (АИ) го осудија затворањето на границите. Според УХНЦР, тоа се лица кои бараат заштита и мора да им се помогне, додека АИ оцени дека ваквиот чекор на македонската влада може да ја продлабочи кризата и да предизвика насилно однесување.