Македонија Шилегов: По медиумите, ќе се преговара за судовите

Шилегов: По медиумите, ќе се преговара за судовите

Откако ќе завршат преговорите на работните групи за решавање на проблемите во медиумите, политичките партии ќе почнат разговори за судовите, рече Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата пред Владата.

– Избирањето на претседатели на судовите денеска само зборува за дволичноста на ВМРО-ДПМНЕ во фазата на разговори и преговори за надминување на политичката криза. Денеска се избира претседател на скопска апелација, претседател на Основниот суд во Струмица и неколку други основни судови, во услови кога договорено е да биде отворено и прашањето за работата на судовите уште со потпишување на јунскиот договор и кога е извесно дека по завршувањето на темата за преговори за медиумите, следното прашање што ќе се отвара за преговори е прашањето за судовите – одговори Шилегов.

Тој рече и дека е очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ едно зборува, друго работи зад грбот на македонската јавност, како што покажува и случајот со Рамковниот договор.