Свет Шестмина загинати во пожар во дом за стари лица во Тајван

Шестмина загинати во пожар во дом за стари лица во Тајван

Шест лица загинаа, а 28 се повредени во пожар што утринава избил во дом за стари лица во тајванскиот град Њу Тајпеј.

Како што јавуваат локалните медиуми, пожарот бргу се проширил низ целиот дом, а евакуацијата се одвивала отежнато бидејќи голем дел од жителите на домот биле неподвижни или во инвалидска количка.

Загинатите биле сместени на последниот, осми кат на зградата.