Свет Балкан Шестмина загинати и околу 30 повредени во невремето на Халкидики

Шестмина загинати и околу 30 повредени во невремето на Халкидики

Шест туристи загинаа во силното невреме што синоќа го погоди Халкидики. Според очевидците, невремето дошло ненадејно и траело многу кратко.

Жртвите од невремето се туристи од Романија, Чешка и Русија кои биле во близина на првиот крак, додека, пак, од вчера попладне еден рибар се води како исчезнат.

Туристите загинале по пад на кров во ресторан, во превртена приколка и при паѓање на дрво.

Голем дел од повредените се хоспитализирани и се надвор од животна опасност, помеѓу нив има и деца.

На Халкидики е прогласена вонредна состојба.