Свет Шест загинати и 25 повредени во самоубиствен напад во Багдад

Шест загинати и 25 повредени во самоубиствен напад во Багдад

Најмалку шест лица денеска загинаа, а 25 се повредени во самоубиствениот напад на една шиитска џамија на југоистокот на Багдад, соопштија ирачките власти.

Нападот се случил по молитвата, а за него никој засега не презема одговорност. Се претпоставува дека тој е дело на џихадистите од сунитската екстремичка група Исламска држава.

ИД редовно изведува терористички напади врз ирачките шиити, кои ги смета за еретици.