Свет Балкан Шест повредени во експлозија во Измир

Шест повредени во експлозија во Измир

Најмалку шест лица се повредени во експлозија на бомба поставена во контејнер за ѓубре во турската покраина Измир, јавуваат турските медиуми.

Турската телевизија „Хабер“ пренесе дека експлозијата се случила рано утрината, кога минибус поминувал покрај контејнерот во кој се наоѓала бомбата.

Медиумите пренесуваат дека од експлозијата се оштетени неколку автомобили. За нападот засега никоја не ја презема одговорноста.

Курдските милитанти и екстремисти од Исламска држава во изминатите неколку години извршија бомбашки и самоубиствени напади во поголемите градови во Турција.