Свет Европа Шест полициски рации во Брисел

Шест полициски рации во Брисел

Белгиската полиција спроведува рации на шест различни локации во Брисел, во обид да ги пронајде соработниците на Билал Хадфи, кој минатата недела изврши самоубиствен напад во Париз, соопштија од белгиското федерално обвинителство.

Хадфи е идентификуван како еден од тројцата напаѓачи на стадионот во Париз.

Белгискиот премиер, Шарл Мишел, најави нов пакет антитерористички мерки, додавајќи дека околу 400 милиони евра ќе бидат издвоени за борбата против тероризмот.