Свет Свет Шест лица загинаа во бомбашки напад во Авганистан

Шест лица загинаа во бомбашки напад во Авганистан

Во експлозија на автомобил бомба во провинцијата Хелманд на југот на Авганистан, загинаа најмалку шест припадници на разузнавачките служби.

Седум припадници на разузнавачките служби се повредени во нападот кој се случил во понеделникот навачер, кај контролен пункт на авганистанските сили, рече гувернерот на провинцијата Хелманд, Хајатула Хајат.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, за кој Хајат ги обвини талибанците.

Во Хелманд е засилено присуството на талбинаците, а изминатата година во оваа провинција се случија некои од најтешките судири на екстремистите и на безбедносните сили.