Свет Свет Шест деца загинаа во пожар во училиште во Турција

Шест деца загинаа во пожар во училиште во Турција

Во пожар во училиште во провинцијата Дијарбакир во Турција загинаа шест деца, јави турската државна агенција „Анадолија“.

Во несреќа во селото Карагак на југоистокот на земјата, повредени се уште шест ученици.

Се верува дека пожарот во училиштето го предизвикал дефект на електричната инсталација, наведува агенцијата „Анадолија“.