Свет Шест деца загинаа во пожар во Балтимор

Шест деца загинаа во пожар во Балтимор

Шест деца загинаа во пожар кој зафати куќа во Балтимор, а две деца и нивната мајка се во критична состојба, соопштија противпожарните служби.

Како што се наведува, загинале две момчиња од девет месеци и две години, двегодишни близначки и девојчиња на возраст од 10 и 11 години, додека мајката на децата и две момчиња, на возраст од четири и пет години, се во критична состојба и се пренесени во болница.

Осумгодишно девојче, кое помагало во спасувањето на браќата и на сестрите, добило полесни повреди и набргу ќе биде пуштено од болница, соопшти претставник на локалните власти и додаде дека пожарот целосно ги изгорел сите три ката на куќата.

Таткото на децата во моментот на избивање на пожарот бил на работа.

Засега не се знае причината за пожарот.