Македонија Шест деца загинаа откако автобус се преврти во Тенеси

Шест деца загинаа откако автобус се преврти во Тенеси

Најмалку шест деца загинаа, а 23 се повредени во градот Чатануга во американската сојузна држава Тенеси, откако автобус кој превезувал 35 ученици и деца од градинка удрил во дрво и се превртил.

Како што јавуваат американските медиуми, спасувачките екипи два часа ги ваделе децата од автобусот.

Возачот на автобусот е приведен и против него ќе бидат поднесени обвиненија за најмалку пет убиства, несовесно возење и за загрозување на општата безбедност, соопшти шефот на полицијата во Чатануга.

Полицијата истражува дали возачот возел со неприлагодена брзина и под дејство на алкохол, имајќи предвид дека условите на патот биле добри.