Свет Европа Шесанесет лица се повредени во железничка несреќа во Австрија

Шесанесет лица се повредени во железничка несреќа во Австрија

Шеснаесет лица се повредени откако приградски патнички воз се судрил со товарни вагони крај железничката станица во австрискиот град Визелбург, јавува агенцијата ТАСС.

Според податоците на федералната железничка компанија, товарните вагони го напуштиле помошниот коловоз, а потоа во нив удрил регионалниот воз што сообраќал на линијата од Санкт Полтен до Шајбс, во провинцијата Долна Австрија.

Се истражуваат причините за излегувањето на вагоните од шините на помошната траса.