Македонија Шекеринска во работна посета на Франција

Шекеринска во работна посета на Франција

Радмила Шеќеринска, заменик-претседателка на СДСМ

На покана на француската Социјалистичка партија, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, престојува во неколкудневна работна посета на Франција, информираат од СДСМ.

Во Париз, Шекеринска ќе оствари повеќе средби, меѓу кои и таа со првиот човек на Социјалистичката партија – првиот секретар Жан Кристоф Камбадели и со неговиот дипломатски советник Пјер Канити.

Социјалистичката партија e најсилната политичка партија во францускиот парламент, а нејзиниот поранешен прв секретар, Франсоа Оланд, стана претседател на Франција на изборите во 2012 година.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалистичката партија на Франција имаат долгогодишна соработка во рамките на Социјалистичката интернационала и Партијата на европските социјалисти.

Во рамки на посетата, Шекеринска ќе има серија средби и во фондацијата „Жан Жорес“.