Македонија Шекеринска почесен гостин на „Деновите на НАТО“ во Чешка

Шекеринска почесен гостин на „Деновите на НАТО“ во Чешка

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска и утре е во работна посета на Чешката Република, каде ќе се сретне со својот колега, министерот за одбрана, Лубомир Метнар. Притоа Шекеринска ќе се заблагодари за успешно завршената ратификација на пристапниот протокол од страна на чешкиот Парламент.

Шекеринска како почесен гостин ќе присуствува и на „Деновите на НАТО“ кои се организираат во Острава, на кои ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите од Вишеградската група – Чешка, Полска, Словачка и Унгарија.