Македонија Шекеринска и Димитров на брифинг со амбасадорите на земјите-членки на НАТО

Шекеринска и Димитров на брифинг со амбасадорите на земјите-членки на НАТО

Денеска во Владата, на покана на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се одржал брифинг со амбасадорите на земјите-членки на НАТО Алијансата, акредитирани во Македонија.

„Брифингот беше посветен на актуелностите врзани за пристапниот процес за интеграција на  Македонија во Северно-атлантската Алијанса и истиот имаше за цел амбасадорите на земјите членки на НАТО да бидат информирани за досега преземените чекори, како и претстојните активности во рамки на пристапниот процес за членство“, информираат од Влада.

На средбата со амбасадорите, двајцата министри детално ја презентирале Програмата за продолжување на реформите која претставува составен дел од процесот за пристапување на земјата во НАТО Алијансата.