Македонија Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, се уште нема договор за името

Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, се уште нема договор за името

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на „Телевизија 24“ коментирајќи ја изјавата на пратеникот на ДУИ, Артан Груби дека постигнат е договор за името, рече дека далеку е од такво нешто.

-Груби изгледа е голем оптимист. Не мислам дека е точна таа проценка. Во спорови кои траат толку долго, нијанси одлучуваат. И се додека немате договор, сте далеку од договор. Ние посакуваме проблемот побрзо да се реши. Но, додека немаме предлог на маса, рано е да се кажува дека остануваат уште деталите. Јас би била многу попретпазлива – рече Шекеринска.