Македонија Шекеринска ги посети граѓаните во поплавените подрачја во Скопје и околината

Шекеринска ги посети граѓаните во поплавените подрачја во Скопје и околината

Заменик-претседателката на опозициската СДСМ, Радмила Шекеринска денеска ги посети местата во Скопје и околината кои најмногу беа погодени од вчерашното невреме и поплавите што тоа ги предзвика. Таа ги повика сите граѓани на земјава, особено оние од Скопје, да се приклучат во помошта на настраданите од поплавите.

„Бевме во Сингелиќ, во Арачиново, во Стајковци, ќе одиме во Инџиково и во Црешево, меѓутоа секаде состојбата е ужасна и за жал луѓето се оставени сами да се снаоѓаат и да ги решаваат проблемите. Сакам да изразам сочуство на сите семејства коишто ги изгубија своите најблиски. Сакам да ги повикам сите граѓани, пред се на Скопје, но и на цела Македонија, да се приклучиме и да им помогнеме на нашите сограѓани, на нашите соседи, на сите оние на кои помошта им е најпотребна. Потребна е вода за пиење, потребна е храна, потребна е и физичка помош, за да секое семејство се спави со ужасот коијшто им ги уништил куќите, домовите, сето она коешто го создавале со години“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека очекува институциите „многу поорганизирано и многу побрзо да се вклучат во средување на состојбите“.

„За жал секаде кадешто влеговме има недостиг на струја, има недостиг на вода за пиење. Најголема е потребата за пумти и агрегати коишто ќе им овозможат на граѓаните да се спасат од водената стихија којашто сè уште е тука“, посочи Шекеринска.