Свет Европа Шефот на германската дипломатија е против влезот на Украина во НАТО

Шефот на германската дипломатија е против влезот на Украина во НАТО

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, е против влезот на Украина во НАТО.

Во разговорот за германскиот весник „Шпигел“, Штајнмајер вели дека е „можно НАТО да има партнерски однос со Украина, но не врз база на членство“.

Штајнмајер, исто така, не е реално да се очекува оти Украина во блиска иднина ќе се приклучи кон Европска Унија. Според, шефот на германската дипломатија, причина за тоа е нужната економска и политичка модернизација на Украина, а тоа, според него, е „проект за неколку генерации“.

Коментарот на Штајнмајер доаѓа непосредно по посетата на Киев и на Москва, како и по изјавата на портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Пешков, дека зголеменото присуство на НАТО во регионот ја прави Русија „нервозна“.