Дописници Шефот на белгиската дипломатија со поддршка за македонско-грчкиот дијалог

Шефот на белгиската дипломатија со поддршка за македонско-грчкиот дијалог

Македонија и грчко-македонските односи се најдоа на агендата на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, среде грчката референдумска и финансиска паника. Коѕиас за билатералните односи и за иницијативата за потпишување мерки за градење на довербата, денеска го информираше белгискиот вицепремиер и министер за надворешни и европски прашања, Дидие Рејндерс.

Покрај грчката криза и бројните меѓународни прашања, двајцата министри разговарале за ситуацијата на Балканот. Рејндерс изрази големо задоволство од раздвижувањето на разговорите меѓу двете страни.

– Со задоволство ги слушнав предлозите за мерки за градење доверба предложени кон Скопје за да почне процесот на решавање на тешкото прашање со БЈРМ. Се согласувам со овој процес, со предлозите кон Скопје за да се најде вистинско решение – истакна Рејндерс по средбата.