Свет Северна Кореја повторно доби интернет

Северна Кореја повторно доби интернет

По повеќечасовен прекин, повторно е воспоставен интернет во Северна Кореја. По конфронтацијата со САД поради хакерскиот напад на компанијата „Сони“, во оваа земја беше икслучен интернетот, а како што соопшти американската компанија за надгледување на инфраструктура на интернетот, причината за прекин на интернет-врските во Северна Кореја не е познат.

Неколку американски официјални лица, инволвирани во истрагата за нападот на „Сони“, изјавија дека американската влада не е вмешана во никаков сајбер-напад против Пјонгјанг.