Свет Северна Кореја најави лансирање сателит

Северна Кореја најави лансирање сателит

Северна Кореја ги објави плановите за лансирање сателит за набљудување кон крајот на месецов, соопшти денеска претставник на Меѓународната поморска агенција.

Лансирањето на сателитот со ракета би можело да предизвика негативни реакции во меѓународната јавност бидејќи меѓународната заедница ги смета севернокорејските ракетни тестови за проба на ракети со долг домет, односно развивање нуклеарна и ракетна програма.

Претставникот на Меѓународната поморска агенција со седиште во Лондон рече дека Северна Кореја објавила дека лансирањето на сателитот ќе биде изведено меѓу 8 и 25 февруари.

Јапонската агенција „Киодо“ јави дека Северна Кореја по „дипломатски канали“ ја известила Меѓународната телекомуникациска унија дека ќе лансира сателит.