Свет Северна Кореја: Ликвидиран министерот за одбрана поради дремење на работно место

Северна Кореја: Ликвидиран министерот за одбрана поради дремење на работно место

Разузнавачката служба на Јужна Кореја тврди дека во Северна Кореја е извршена егзекуција на министерот за одбрана, под обвинение за предавство и затоа што дремел на настан на кој присуствувал и лидерот Ким Јонг-ун.

Јужнокорејскиот пратеник Шин Кјонг-мин рекол дека на затворениот состанок со претставниците на Националната разузнавачка агенција (НИС), на 13 мај, информирани се дека министерот на Народоните вооружени сили на Северна Кореја, Хјон Јонг Чол, е убиен во противвоздушен напад, кој од воениот полигонот за гаѓање во Пјонгјанг го следеле стотина лица.

Убиениот Хјон, кој е именуван на таа должност пред помалку од една година, покажал непочитување кон Ким Јонг-ум дремејќи на критичен воен настан, а, исто така, и во некои претходни разговори.