fbpx

Се појави снимка на Јутјуб на која се зборува за ликвидација на Заев, објавувачот тврди дека разговараат Ќосето и Јане Ченто

-

На Јутјуб каналот под името „Кулата мала“, денеска е објавена аудио-снимка насловена „Јане Ченто и Горан Ќосето спремаат ликвидација на Заев и семејство, од 25 04 2021“. Шестминутната снимка со најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев била доставена и на мејл до порталот „А1он.мк“, во кој се тврди дека на снимката муабетат Јане Ченто и Горан Ангелов-Ќосето.

Јане Ченто и Горан Ангелов-Ќосето се двајца од 16-те осудени лица за упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Од разговорот во снимката, кој не може во целост прецизно да се разбере, се посочуваат зборови за ликвидација на премиерот Зоран Заев и други лица.

Во снимката, еден од гласовите зборува за ликвидација на Заев, додека вториот глас поретко се вклучува во разговорот и малку се слуша за што зборува.

Во дел од снимката се слуша: „Јас ти кажувам дека Заев ќе биде изрешетан ко куче среде Струмица, со глава ти гарантирам, три деца имам, да не си видам никојпат, памти ми го зборот“; „Ќе му вратам, па последно да ми е, прстот само да ми мрда доста е“; „Јас сум спремен да лежам, доживотно можам да лешам, убаво ми е во затвор, супер си се чувствувам“; „жени, деца, брат, сестра сè живо, масакр, масакр…“.

Датумот од снимката, 25.4.2021, се поклопува со денот на протестот во неделата под мотото „Слобода за уставобранителите“.

Ќосето и Ченто се меѓу 16-те правосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а според одлуката на Апелацискиот суд кој ги потврди пресудите, Горан Анѓеловски-Ќосето доби 11 години затвор, а Ченто 13.

Според краткиот коментар кој „Фокус“ го добил од премиерот Зоран Заев, во врска со оваа аудио снимка, неговиот краток коментар бил: „Ужас“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...