Свет Северна Кореја спроведе неуспешна ракетна проба

Северна Кореја спроведе неуспешна ракетна проба

Северна Кореја тестираше уште една балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска и додаде дека тестирањето завршило неуспешно.

Агенцијата „Јонхап“ тврди дека ракетата се распаднала неколку секунди по лансирањето.
Американските власти потврдија дека тестирањето завршило неуспешно.

Ракетата е лансирана од територија во близина на Пјонгјанг, во 5.30 часот по локално време.
Според „Си-ен-ен“ се работи за ракета со среден дострел КН-17, која била лансирана од аеродромот „Букчанг“ и летала околу 30 до 40 километри пред да падне во море.

Лансирањето на ракетата се случува во момент на зајакнати тензии помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон, а сè уште нема официјална реакција од властите во Северна Кореја.

Северна Кореја на 22 март исто така изврши неуспешна ракетна проба.