Свет Европа Сепаратистите во Донецк ќе мобилизираат 100.000 војници

Сепаратистите во Донецк ќе мобилизираат 100.000 војници

Лидерот на сепаратистичката република Донецк, Источна Украина, денеска соопшти дека во следните неколку дена ќе се мобилизираат 100.000 луѓе за да се борат со украинските сили, јавува официјалната сепаратистичка агенција ДАН.

– За десет дена во Народна Република Донецк ќе се случи општа мобилизација. Предвидена е мобилизација на околу 100.000 луѓе – рече Александар Закарченко.

Бунтовниците минатата недела се заканија дека ќе ја прошират офанзивата на целата територија на регионот Донецк и Луганск, чиј голем дел сè уште е под контрола на властите во Киев.